Вести Македонија Ударни вести

Владата денеска ќе објави колку потроши за прославата

Сподели:

Владата денеска ќе го објави деталниот извештај со трошоците направени за прославата што се одржа во саботата во 15 градови низ Македонија по повод поканата за преговори за членство во НАТО.

Од Владата велат дека извештајот е во подготовка и се очекува во текот на денот да биде испратен до медиумите.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави дека според негови информации за прославата се потрошиле 400.000 евра буџетски пари. Оваа информација не беше потврдена од Владата.

На прославата настапија околу четириесетина изведувачи. Етно бендот Љубојна и пејачот Влатко Лозаноски – Лозано, ги откажаа во последен момент своите настапи.

Дел од музичарите тврдеа дека не биле конкретно информирани за природата на настанот, но авторски договор објавен преку социјалните мрежи покажува дека авторите знаеле што потпишуваат.

Сподели: