Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Еврообврзницата e одговор на политичката криза предизвикана од СДСМ

Сподели:

nova-zgrada-vmro

„Еврообврзницата се издава како реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави за да се спаси од политички пораз на избори. Оваа еврообврзница е внесување на свеж капитал во земјата, кој ќе го гарантира нормалниот тек на економијата во услови на криза која СДСМ сака да ја продлабочи. Како што може да се заблежи во објавата на „Службен весник“, станува збор за финансирање на две буџетски години“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за издавањето на еврообврзницата.

Во него се додава дека Министерството за финансии со ребалансот на буџетот објави дека ќе го намали домашното задолжување, односно двојно помалку ќе ги користи домашните извори за финансирање, што ќе остави повеќе средства за кредитирање на домашниот бизнис сектор.

– Очигледно, СДСМ се води од максимата „колку полошо за државата, толку подобро за нив“. Македонија нема да дозволи деструкцијата на СДСМ да застане на патот на нормалното функционирање на економијата, стопанскиот развој и на напредокот – се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели: