Вести Став Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седница на Комисијата за надворешни работи

Сподели:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт ја напуштија денешната седница на Комисијата за надворешни работи, на која за прв пат во историјата на Република Македонија идните амбасадори својот завршен разговор го имаа на затворена седница без присуство на новинарите и јавноста.

Ова не е ниту демократски, ниту транспарентно, ниту отчетно како што ветуваше СДСМ. 

Очигледно парламентарното мнозинство, на чело со СДСМ сака нешто да сокрие од очите на јавноста. Уште поскандалозно е што ова се случува во еден чуствителен момент многу брзо откако го спроведоа штетниот договор од Преспа.

Денешната седница е свикана набрзина од страна на Талат Џафери, а за пратеник кој што ќе претседатава со комисијата е назначена членот на комисијата Ивана Туфегџиќ.

На овој начин јавноста не беше во можност да го слушне излагањето на десет идни амбасадори на Република Македонија кој ќе бидат поставени за амбасадори и претставници на државата во важни и стртешки држави.

Јавноста не беше во можност да слушне како идните амбасадори ќе работат и ќе ја претставуваат Република Македонија во Германија, Унгарија, Шпанија, Украина, Шведска, Австрија, Обединетите Арапски Емирати, Словенија, Босна и Херцегвина.

Ова досега не се случило во Собранието на Република Македонија. Сите досегашни амбасадори биле транспарентни и отчетни пред пратениците, новинарите и целокупната јавност.

Пред стапувањето на должност досега сите амбасадори зборувале на Комисијата за надоврешна работа, на отворена седница на која ги претставувале своите приоритети и планови.

Сподели: