Вести Став Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта со замајување на јавноста сака да истера длабока неправда

Сподели:

Отфрлањето на предлог законот за амнестија за инволвираните во случувањето од 27-ми април во Собранието е доказ дека власта е за селективна правда и злоупотреба на судството и правната држава како алатка за награда. Предлогот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ беше конструктивен и принципиелен кон намалување на поделеноста во општеството.

Глумењето на власта дека е за правда и за правна држава е смешно гледајќи како во целост го погази Уставот, позитивните закони, домот на демократијата, угледот на пратениците, образот на гласачите, го погази мислењето на Суверенот на државата – граѓаните! – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта сега преку некакви форуми, комисии, координативно тело, за наводно помирување, или за наводна правда, не прави ништо друго освен обид преку замајување на јавноста да истера селективна правда што во суштина е длабока неправда. Таа неправда ќе значи нов вистински упад и злоупотреба од власта на правниот систем, нешто што многупати до сега е практикувано во оваа власт, во ова судство наречено „отворено како пупка“.

Принципиелно, ВМРО–ДПМНЕ поднесе закон за амнестија чија што основна цел на Предлог – законот за амнестија сите инволвирани во случувањата од 27-ми април, со цел национално помирување и враќање на нормалните текови во државата, да бидат амнестирани. Според предложеното решение, се ослободуваа од кривично гонење, односно би се ослободиле од кривично гонење, би се запреле поведените кривични постапки и целосно би се избришала осудата со ослободување на осудените на казна затвор, како и за осомничени и обвинетите лица во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27-ми април.

ВМРО-ДПМНЕ е партија со принципи, и како што најави нема да учествува во фингирана комисија за награда на послушниците. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Законско решение за селективна правда кое би произлегла од еднострани форуми без опозиција.

Само целосна правда и правдина за сите вклучени во процесите за 27-ми април ќе биде прифатлива и за општеството и за ВМРО-ДПМНЕ. Се друго, ќе значи продолжување на газењето и понижувањето на правниот систем и на законодавниот дом, што ќе продолжи да ја заострува и поделеноста во општеството, – се додава во соопштението..

Сподели: