Вести Свет Ударни вести

Во Чешка ќе се оданочуваат црквите

Долниот дом на чешкиот парламент изгласа оданочување на исплатите што црквите ги добиваат како надоместок за запленетиот имот во текот на комунистичкото владеење, што беше клучно барање на сегашната Чешка комунистичка партија за поддржување на малцинската влада од левиот центар. 

Пратениците на партијата АНО на премиерот Андреј Бабиш и неговите малцински партнери, Социјалдемократите и Комунистите го изгласаа предлогот со 106 гласа За од вкупно 200 пратеници.

Обештетувањето на црквата , но најголем дел Католичката почна во 2013 година, во износ од 2 милијарди круни (78 милиони евра) годишно во период од 30 години.

Тоа го покрива црковниот имот кој бил запленет по Втората светска војна, а не може да се врати според Законот за реституција, зашто го сменил сопственикот.

Сподели: