Во Скопје и Куманово најавени протести против загадувањето

Сподели

Протестот „Време е за чист воздух“, најавен е за во сабота,17. ноември од 12 часот пред бараките на Град Скопје во скопскиот Градски парк.

„Да станеме сите за чист воздух! За нас, за тебе, за мене, за нашите дома, за нашите деца, за сите нас! Протестот не е партиски организиран! Организиран е од мене, од тебе, од твоето дете, од твоите мајка и татко, од сите нас!“

Истовремено и кумановчани организираат протест, исто така на пладне во сабота од плоштадот „Маршал Тито“.

„Кумановци, Куманово 13ти д’н по ред е најзагаден град у државу!  Док не смо почнале да купуемо и боце сас кислород, како што купуемо флаширану воду. За да не га плаќамо данак и с’с животи, искочи на плоштад куде батко Ѓорѓију!“, стои во соопштението за протестот во Куманово.