ВО СКОПЈЕ СЕ ИЗМЕРЕНИ ВКУПНО 9 ПОТРЕСИ

Сподели

earthquake-logo

Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчера во Скопје и во околината се измерени вкупно девет потреси. Најсилниот бил во 15.10 часот, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес бил измерен во 6.58 часот, со јачина од 4,2 степени, а следниот во 7 часот имал јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот потрес се случил во 15.10 часот.

По најсилниот потрес, во 15.20 часот имало уште 6 послаби потреси. Последниот бил во 20.57 часот, со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала.