Во Турција отпуштени од работа 94 фудбалски судии

Сподели

turski-fudbalski-savez-podneo-ostavku-zbog-erdogana-2111670-velika

Турската фудбалска федерација соопшти денеска дека отпушта од работа 94 арбитри и други спортски работници, како дел од чистката која ја спроведоа турските власти во државниот сектор по обидот за преврат на 15 јули.

Во своето кратко соопштение фудбалската федерација не открива детали или објаснување за отказите.

Во Турција се врши прочистување на државните структури од приврзаници на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а кого Анкара го обвинува дека е одговорен за пучот во земјата.