7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на запад со слаб локален дожд, на повисоките планини со снег.

По одделни котлини ќе има појава на слаба магла, особено претпладне. Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со температура до 7 степени.

Од петок наутро се најавува и продор на студена воздушна маса над Македонија што треба да донесе и значително намалување на температурите кое сепак нема да биде блиску ни до просекот. Наутро температурите до крајот на неделата ќе почнат да паѓаат под нулата.

Поради спуштање на постудена воздушна маса, од недела се можни врнежи од снег на повисоки места.

Целата наредна недела се очекува да биде влажна а некаде кон средината можно е да се создадат услови и за позначителни снежни врнежи кои можеби и ќе формираат снежна покривка. Наутро температурите ќе бидат околу -3 степени а во текот на денот ќе достигнуваат и до 7 степени.

Сподели: