7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во крајните западни делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневните температури ќе се движат од 1 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе достигне до 8 степени.

Врнежи од снег со слаб до умерен интензитет во западните и јужните делови ќе има и во четврток. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат кон почетокот на наредната работна недела.

Сподели: