ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината. Утрово на некои места беа измерени и до – 10 Целзиусови степени.

Во западните и крајните северни делови ќе има повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат од -6 до 1 степен. Во Скопје ќе биде променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде -2 степени.

И утре ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди. Во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. Утре кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд.