ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 30 степени. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневната температура ќе достигне до 28 степени.

Ќе продолжи периодот на релативно топло време, а во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со краткотраен локален дожд и ретки грмежи.