ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната температура од 23 до 36. Во Скопје слично време со утринската температура до 18 и дневна до 33 степени.

Од денеска па во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе подпадне под влијание на нов циклон Силвија.

Истиот ќе услови значително дестабилизирање на атмосферата па така врнежите и грмежите ќе бидат се почести и локално ќе бидат значително поројни проследени со засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Во текот на следните денови исто така локално се очекува да наврне големо количество на воден талог (преку 30 – 40 л/м2).