ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе се движи од 27 до 37  степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневна температура до 34 степени.

Утре, особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи повеќе во јужните и западните делови од земјата, а зголемената облачност ќе остане и во петок.