ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од недела температурата ќе биде во постепено опаѓање.