ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 4 степени, а дневната температура од 16 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната температура до 21 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време, освен во четврток, кога во западните делови ќе има локален слаб дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.