ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето претпладне ќе биде сончево, поладне променливо облачно и студено со услови за локален дожд, а на повисоките места и планините за снег.

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за прочистување на воздухот по котлините.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 2, а дневната од 12 до 21 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево, попладне променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 16 степени.