7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во цела Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

Дневните температури ќе бидат во пораст: Скопје 7 степени, Маврово 6, Охрид и Кавадарци 9, Крива Паланка 8, Прилеп 7, Дојран 12 степени.

И утре ќе бидат повисоки дневни температури за овој период на годината. Времето ќе биде малку до умерено облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималните дневни температури ќе бидат: Скопје 8, Маврово 6, Охрид и Прилеп 9, Крива Паланка 8, Берово 7, Кавадарци 11, Дојран 14.

Во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од од -2 до -15 степени.

 

 

Сподели: