ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде врнежливо, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Во следните два дена ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток. Утринската во среда ќе остане под нулата насекаде во Македонија и ќе се движи од -10 до -3 степени.

Утре минималната ќе биде од -6 до 2 степени, во четврток од -8 до -1, во петок од -5 до 2 степени и во сабота од -1 до 5 степени.