ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во следните два дена, ќе биде студено и суво. Нови врнежи, претежно од снег, ќе има во четврток.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 4 степени, Маврово -2, Охрид 3, Прилеп 2, Крива Паланка и Берово -1, Кавадарци 5, во Дојран 6.

Во среда ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено и дневни температури од -3 во Маврово, во Охрид 3степени, во Скопје 4, во Дојран 7 степени.