7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Дневните температури ќе се движат од -9 степени во Маврово, -6 во Крива Паланка, Берово и Битола -5, Охрид -4, Скопје и Кавадарци -1 и Дојран 1 степени.

Сончево и студено, со мала до умерена облачност е прогнозата за утре. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Прогнозата на УХМР покажува дека во сабота минималните температури ќе се движат во интервал од – 15 до – 5, а максималните од – 5 до 2 степени.

Во недела минималните температури ќе се спушат до – 13, во  понеделеник до – 12, во вторник до – 15, а во среда до – 13 степени.  Максималните температури  во тие денови ќе бидат во интервал од – 6 до два или три степени, со исклучок на недела кога се прогнозираат 6 степени.

Сподели: