ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево со мала до умерна облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, најизразен во долниот тек на Поварадарието.

Утринската температура ќе се движи од – 14 до – 6, а дневната од -5 до 3 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -10, а дневната ќе достигне до -2 степени.

За време на викендот ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините, особено во недела. Во недела попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.