ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Под влијание на нов влажен бран, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, што ќе бидат позастапени во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од -10 до -3, а дневната од -3 до 4 степени.

Во вторник ќе биде сончево со умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Вo среда и четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за магла по одделни котлини. Дневната температура од четврток ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.