ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во целата земја ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од -3 до -14 степени, а дневната температура ќе се движи од -1 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе достигне до -9, а дневната температура до 3 степени.

Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла.