ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде претежно облачно, по одделни котлини магливо. Во југозападните и јужните делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -3 до -11 степени, а дневната температура од 2 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до -9 степени, а дневната до 3 степени.

Во наредниот период ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла, а повеќе сончеви периоди ќе има во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.