ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -6 до 3, а дневната од 3 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до -3, а дневната ќе достигне до 8 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд. Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе преминуваат во снег.