ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно со локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од -2 до 3 степени, а дневната од -2 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 0, а дневната температура до 4 степени.

Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.