Вести Македонија Ударни вести

За белградска „Политика“ Мицкоски е пантомимичар, а Иванов херој

Сподели:

Под насловот „Референдумски ајвар“, провладиниот српски  весник „Политика“ во вторникот излезе со коментар во кој оценува дека „наместо витешки да признаат дека референдумот пропаднал, европските, американските и НАТО функционерите го прогласиле за победа, што дополнително ги распали политичките страсти“.

„Лицемерието на западните владејачки политички елити и обидот за прекројување на волјата на граѓаните на Македонија коишто не се согласија да станат северни јужњаци, релативизирањето на резултатите на референдумот којшто лаконски беше оценет за консултативен, со дипломатски притисоци промената на името да се протурка во парламентот, само ќе го засили отпорот на Македонците“, пишува Александар Апостоловски во коментарот на „Политика“.

Во коментарот се оценува дека „македонското гласачко тело е поделено на две длабоко завојувани страни, коишто пролеаја крв во Собранието, додека во позадина Албанците спокојно порачуваат, седејќи во Тиранската платформа, дека тие се единствените искрени американски сојузници“.

Овој референдум Македонците го одлучија со молчење, наведува весникот и додава дека дури и новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кампањата се однесувал како пантомимичар, за разлика од претседателот Ѓорге Иванов, којшто, „кога остана осамен, не се скри во својата резиденција, туку од говорницата на Генералното Собрание на ОН ги критикуваше САД, ЕУ и НАТО, повикувајќи ги граѓаните да го бојкотираат референдумот“.

„Многумина ќе речат дека Македонците не ја искористија историската шанса експресно да влеззат во НАТО и да почнат преговори со ЕУ по 27 години. Можеби балканската ирационалносто повторнно го победи прагматизмот“, се заклучува во текстот.

meta.mk

Сподели: