За кого одработува Командант Малишева со провокативните изјави

Сподели

Мухамед Красниќи алијас командант Малишева, еден од учесниците во Диво насеље, на својот ФБ профил им честиташе на напаѓачите на екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристевски кои се осомничени за организатори на крвавиот четврток, а кои вчера беа истепани во затворот во Шутка.

–” Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот”, – пишува Красниќи.

Според Ѓорѓи Спасов, кој исто така се огласи на неговиот ФБ, тој го објави своето гледиште”:
-“На портали блиски до Мицковски се пренесува изјава на осуденик дадена на негов фејсбук во кој тој потврдува дека ,,тепањето на Јанакиовски и Спировски” во затворот било одмазда кон функцонери на ВМРО ДПМНЕ заради тоа ,,местенката” што им била направена на осудените терористи од ,,Диво насеље” кај Куманово.
Така пропагандата за “политички прогон” во Македонија добива на уверливост, а Груевски како главен ,,местач”за Диво насеље, аргумент дека некој вистина му се заканувал со убиство во затворот ако тој таму се најде.
Се чини дека Груевски и Мицковски ги имаат вклучено одново платениците од Диво насеље за докажување на нивната теза за ,,политички прогон” и намери на власта да ги ликвидира и во пропагандата за ширење страв и меѓуетничка омраза.
Красниќи со ваков вид фб пропаганда и закани одработува одново како платеник за нив и треба Фејсбук да го затвори неговиот фејсбук профил заради ширење на меѓуетничка омраза и поттикнување насилство“- напиша на својот ФБ профил Ѓорѓи Спасов.