ТХП: За прв пат Турците ќе имаат свој претседателски кандидат

Сподели

Во Ресен го одржа 4-тиот вонреден тематски конгрес на
Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) под мотото „Единство и солидарност“.

Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, во своето излагање се осврни на успешно заокружениот процес на решавање на проблемот со Република Грција, со што се отворија вратите на НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека особено важно е што во овој процес и пратениците со турско потекло од грчкото собрание дадоа силна поддршка, соопшти партијата.

– Генералното мислење на делегатите е дека на престојните претседателски избори редно време е за прв пат во историјата на самостојна Македонија, Турците да имаат свој претседателски кандидат. Во оваа насока Ибрахим ги покани сите турски политички субјекти да се соединат околу заеднички кандидат – соопшти ТХП.