Вести Македонија

„За заедничка Македонија“ – Да им посакаме топло добредојде и да им кажеме кој е овде домаќин, а кој е гостин“

Сподели:

Иницијативата „За заедничка Македонија“ повикува на масовен протест со 200.000 луѓе, во вторник, во Скопје, во пресрет на доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан, кои ќе се обидат да го убедат претседателот Ѓорѓе Иванов да го даде мандатот за состав на влада на актуелното парламентарно мнозинство.

Од иницијативата бараат и средба со Хан за тој да ги слушне нивните барања.

„За Хан и неговите слични пријатели, да излеземе 200.000 на улица во понеделник и вторник, за да нѐ видат. Да нѐ видат убаво и да го запомнат денот кога дошле во Македонија. Да запомнат дека граѓаните излегле во црвено-жолта формација бидејќи тие бои ги сакаат и ќе ги бранат. Линијата која нема никој да ја помине, сите ќе ја видат. Без оглед колку се, кои се и од каде се. Ниту еден странски пратеник не може да ја сака Македонија, да и ги знае реалните проблеми и стравови, како и да ѝ мисли добро, како што тоа природно го можат жителите на Македонија, оние со генерации на коски закопани во оваа земја. Доаѓаат 4 луѓе од западна Европа? Добродошле. Време е да не видат 200.000 на улица, 50.000 пати повеќе од нив четворица бирократи. За почеток. Да им посакаме топло добредојде и да им кажеме кој е овде домаќин, а кој е гостин“, се наведува во соопштението на иницијативата објавено на нивната страница на Фејсбук.

Сподели: