Вести Македонија Ударни вести

Заедничка вежба на МВР и Амбасадата на САД за справување во вонредна ситуација

Сподели:

Припадници на Министерството за внатрешни работи утре претпладне во Американската амбасада ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.

– Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затворање на крстосниците во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот, соопшти МВР.

Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Американската амбасада при преземање активности за справување со кризни ситуации.

Сподели: