ЗАЕВ: Денеска е голем ден за демократијата и за слободата во Република Македонија

Сподели

-“Денеска е голем ден за демократијата и за слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја”, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, откако гласаше на локалните избори во неговата родна Струмица, на избирачкото место 1730 во училиштето „Никола Вапцаров“.

Заев по гласањето рече дека граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат евроатлантски интеграции на Македонија, едно општество за сите во Македонија, развиени економски општини и развиена економска држава.

– Јас се надевам дека поради важноста на локалните избори и големата важност на општините во Република Македонија, целиот ден ќе помине во атмосфера која е во согласност со сериозноста на овие локални избори. Пред сè се надевам на фер и демократски избори и само така сите победуваме во Република Македонија. На крајот, преку нашиот глас, преку процентот на излезеност навистина даваме поддршка и за иден пораст и развој на сите