Заев: Донесени се измени во законите за ЈО, за кривична постапка и за судовите

Сподели

Реформската агенда се врати во Собранието.

Треба да честитаме за одговорноста на двотретинското мнозинство пратеници, кое вчера ги донесе измените во законите за јавно обвинителство, за кривична постапка и за судовите.

Со измените се зајакнува контролата врз полицијата, граѓаните се заштитени од неовластени ограничувања на правата, нема повеќе самоволно прислушкување.

Граѓаните се побезбедни, полицијата работи во законски рамки со зајакната контрола. Ја ослободуваме ‘заробената држава’ од криминалните стеги во минатото.

Овие реформи произлегуваат од извештаите на групата на Прибе и на други меѓународни организации, и се суштински придонес во европската агенда на нашата земја во перидот на скрининг процесот на ЕУ до отворањата на поглавјата во јуни 2019 година.

Европски стандарди за европска Македонија.

Изјави, Зоран Заев