Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Заев и Борисов денеска ќе го потпишат договорот за добрососедство

Сподели:

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов денеска во Скопје ќе го потпишат договорот за добрососедство, пријателство и соработка, соопшти владината прес-служба.

Борисов со владина делегација ќе пристигне во дводневна посета на Македонија, при што пред Владата ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, а потоа ќе следи тет-а-тет средба со Зоран Заев, како и средба на членовите на делегациите на двете влади.

Предвидени се и средби на бугарската делегација со неколку министри од македонската влада, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот Ѓорѓе Иванов.

Борисов в среда ќе присуствува и на заедничко чествување по повод националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје.

Сподели: