Вести Изјави Статуси Ударни вести

ЗАЕВ: Казна за фрлање боја веќе платив и јас лично

Сподели:

“Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од Шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со целосно почитување на судската власт, но и почитување на демократските принципи и интегритетот на граѓаните.

Прекршоците со фрлањето боја во времето на протестното движење ги правевме свесно, знаејќи ја цената на казната, но со повисока цел – слобода и ослободување на институциите.

Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично.

Ќе разговараме со граѓаните за решенија кои ќе ја чуваат честа на граѓанскиот активизам и лично како граѓани ќе ги поддржиме солидарните иницијативи.”

ФБ статус, Зоран Заев

Сподели: