ЗАЕВ: Македонија ќе биде земја на еднакви можности за сите нејзини граѓани

Сподели

zaev

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска се обрати пред граѓаните на Шуто Оризари и им порача дека Македонија ќе биде земја на еднакви можности за сите нејзини граѓани.

Тој им вети на граѓаните Роми дека ќе има достоинствен живот за нив, еднаков со оној на Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, Власите.

– Македонија е земја мајка еднаква за сите нејзини граѓани. Понижувањата на ромскиот народ што власта на Никола Груевски со години ги правеше ќе завршат на 11 декември, затоа што овој народ е решен да си го врати животот. Ви ветувам достоинствено образование за Ромите, еднакво и квалитетно ќе ги мотивираме децата да се запишуваат и во средно и во високо образование. Ветувам еднаквост при вработување во администрација, никој повеќе нема да ви бара рекет, ќе се вградите и заедно ќе се избориме за вашите права – рече Заев.