Заев во официјална посета на Бугарија на средба со Борисов

Сподели

Премиерот Зоран Заев, во рамките на неговата официјална посета на Бугарија, денеска ќе се сретне со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Софија.

Како што информираат од Владата, премиерите Заев и Борисов ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

„Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.Програмата започнува со заедничко положување на венец на пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147 годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Македонија, Асаф Адеми и министерот за култура на Бугарија, Боил Баново. За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ помеѓу Бугарија и Македонија“, се вели во соопштението на Владата.