Вести Македонија Ударни вести

Закон за јазици: Димовски побара прекин на седницата, Џафери даде пауза

Сподели:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната Собраниска седница на која на дневен ред е ставен законот за употреба на јазиците во трето читање побара да се прекине седницата и да заседава Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која треба да одлучи дали да има расправа по 36.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери му рече на Димовски дека расправата не се води по таа точка и продолжи со гласање по две други точки од 32 седница, по што прогласи еден час пауза откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „пауза“, „пауза“.

– Жалам што господинот Џафери го избра 14 март за овој закон, денот кога УЧК пукаше на Тетово. Собранието е свесно дека носи неуставен закон. Барам Комисијата за деловинички и мандатно имунитетни прашања да се произнесе дали може да се поднесат амандмани или не. Стопирајте ја седницата и свикајте ја Комисијата – побара Димовски.

Според Димовски, законот неправилно имал европско знаменце, немало јавна расправа, и потенцираше дека матично тело за разгледување на законот требала да биде Комисијата за политички систем а не Комисијата за европски прашања.

– Филибастеринг за законот не ја направи ВМРО-ДПМНЕ туку лично Артан Груби и Реџил Исмаили на Комисијата за европски прашања кога не дозволија ниту еден амандман да помине. Три дена си играа играчки со еден амандман на Беса – додаде Димовски.

meta.mk

Сподели: