Алтернатива Настани

ЗОО Скопје: Хуманитарен базар за бездомните крзнени пријатели

Сподели:

Утре во Зоолошка- Хуманитарен базар за бездомните крзнени пријатели

“Да помогнеме на нашите бездомни крзнени пријатели!”
Многу кучиња чекаат да го најдат својот дом, многу од нив чекаат лекување, операции, храна, топли ќебенца, куќички. 

Во недела (03.03), од 12:00-15:00, во ЗOO Скопје ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот ќе има ЗOO базар, каде што ќе бидат поставени штандови со сувенири, привезоци, маички со животински принт.

Сите собрани средства од штандовите, ќе бидат наменети за спасување на животот на многу  крзнени пријателчиња. 

Во оваа благородна акција учествуваат и голем дел граѓански активисти и здруженија за заштита на животните кои несебично секојдневно помагаат на бездомните животни. 

Да ги научиме најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател.

Сподели: