Алтернатива Настани

“ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА” – ЈУ КИЦ СКОПЈЕ

Сподели:

zvuci-na-carsijata

Утре во 21 часот ќе се одржи манифестацијата „Сите заедно“, а задутре во 12 часот ќе се одржи манифестацијата „Звуците на чаршијата“ во организација на ЈУ Културно-информативен центар – Скопје. Концептот на проектот е оживување на Старата скопска чаршија, место на богата културно – уметничка програма со почитување и оживување на обичаите и духот на Старата скопска чаршија.

Манифестацијата „Звуците на чаршијата“ е традиционална и годинава се организира по 10-ти пат. Изминативе години учествуваа многу познати пејачи, уметници, танчери, аниматори, познати групи, македонски, албански, турски, ромски, во духот на идејата на манифестацијата, да биде мултикултурна. ЈУ КИЦ – Скопје, освен на реномирани уметници им дава шанса и на дебитанти, кои токму тука, на ова место, на оваа манифестација ја започнале својата кариера.

Сподели: