Вести Свет

БРАЗИЛ: За неисплатени пари заработени на Олимпијата во Рио, работниците подготвуваат тужба

Сподели:

thumbs_b_c_d57571bfc7f3bfbd28dff09c7ce85c17

РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) – Вработените во фирми-подизведувачи и други работници кои биле ангажирани за време на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016, се подготвуваат да поднесат тужба против Организацискиот одбор, бидејќи сè уште не им се исплатени заработените пари, јавува Anadolu Agency(AA).

Официјалните спикери, продуценти, диџеи и стотици други работници кои биле ангажирани на Олимписките игри во август оваа година, сè уште не ги наплатиле своите услуги.

Тие велат дека договорите за работа се направени со легални фирми, и дека ќе подигнат тужба против Организацискиот одбор на олимпијадата бидејќи нивните пари сè уште не се исплатени.

Продуцентот од Јужноафриканската Република, Роки Бестер, рече дека има учествувано на многу спортски натпревари, но дека првпат се соочува со ваков случај.

Од друга страна, од Организацискиот комитет на Олимпијадата во Рио беше соопштено дека до неисплаќање на еден дел од работниците дошло поради проблемите со банките, и нагласија дека сите работници ќе бидат исплатени во најкраток можен рок.

Сподели: