Вести Македонија Ударни вести

„360 Степени“ од Берлин: Почна средбата Меркел-Заев (ВИДЕО)

Сподели:

Во кабинетот на германската канцеларка во Берлин во 9:30 часот почна средбата на Ангела Меркел со премиерот Зоран Заев. Од средбата се очекуваат поконкретни информации дали С. Македонија може да се надева на одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ летово или наесен.

Во обраќањето на годишната конференција на Стопанската комора на СР Германија за источна Европа синоќа во Берлин, премиерот Заев рече дека одлагање на почетокот на преговори не само што ќе наруши стабилноста на владината коалиција туку ќе „додаде гориво на ултранационализмот на претходните во владата“.

Вчера холандскиот парламент гласаше против отворање пристапни преговори со Албанија, а отфрли иста таква предлог-резолуција за С. Македонија.

извор: 360 Степени

Сподели: