Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје нема да се врши наплата во недела 24.4.2022 и понеделник 25.4.2022 година. информираат од ЈП Градски паркинг- Скопје.
Со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.
ЈП Градски паркинг- Скопје им ги честита Велигденските празници на сите верници од православна вероисповед, со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!“