Џафери до Стефанчук: Ова се злодела на Русија, а ние ќе се приклучиме кон обнова на Украина

Сподели

 

Република Северна Македонија безрезервно се приклучи кон сите рестриктивни мерки преземени од меѓународната заедница кон Руската федерација и тоа ќе продолжи и понатаму да го прави, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, на средбата со претседателот на Врховната рада на Украина Руслан Стефанчук.

 

 

“Истовремено, Република Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО членките и на Европската унија за финансиска и воена помош на Украина. Секако, ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна.

 

 

Денеска имавме прилика на лице место да ги гледаме и да ги видиме злоделата кои што ги учинила Руската федерација на тлото на Украина и кон украинските граѓани и затоа после оваа денешна посета и лично и институционално ќе бидеме ангажирани тие злодела да добијат соодветно име, а никакво друго име освен геноцидни дела.

Да живее Украина, да живее украинскиот народ”, – Талат Џафери.