Русите и Новак на удар поради допинг – Погледнете Надал колку пати е тестиран!

Сподели

Рафаел Надал по малку неочекувано триумфираше по 14-ти пат во кариерата на Ролан Гарос во Париз.

надал

Секако, „неочекувано“ поради неговата хронична повреда на стапалото, поради која и самото учество на турнирот беше доведено во прашање.

Магичниот начин на закрепнување на Надал во Париз по секојдневните поплаки дека си игра со неподнослива болка предизвика лавина реакции, па се појавија неколку интригантни податоци.

Имено, „Светската антидопинг организација“ е должна транспарентно да посочи колку пати тенисерот ја поминал контролата на годишно ниво.

Она што е особено интересно е што има драстична разлика во бројот на тестови меѓу играчите.

На врвот на листата се тенисерите кои доаѓаат од источноевропските земји. Така, на чело е Русинот Андреј Рубљев со 26, по него е Гркот Циципас со 23, а на третата позиција е Новак Џоковиќ, кој е тестиран 21 пат.

Има и уште еден човек со словенски корени кој игра под германско знаме, Александар Зверев.

На врвот на листата се Феликс Огер-Алиасим и Каспер Руд, но причината поради која толку пати биле подложени на антидопинг контрола е што одиграле многу повеќе турнири од гореспоменатите играчи.

Посебно е интересно што Рафаел Надал беше тестиран само 14 пати, а уште поневеројатно е што тоа беше направено само два пати надвор од турнирите.

Новак оваа процедура мораше да ја помине во осум наврати надвор од самите натпреварувања.

Наскоро следува Вимблдон во кој љубителите на тенисот ќе уживаат од 27 јуни.

Сите очи на јавноста ќе бидат насочени кон Надал и неговото евентуално ново чудесно враќање, со оглед на инсинуациите за употреба на допинг.

The post Русите и Новак на удар поради допинг – Погледнете Надал колку пати е тестиран! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico