Ердоган обвини американски генерал дека е на страната на пучистите

Сподели

erdogan1-650x365

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше забалешките на американскиот генерал Џосеф Вотел околу неуспешниот обид за државен удар и го обвини генералот „дека е на страната на заговорниците“, јавуваат светските медиуми.

Генералот Вотел, кој е на чело на Централната команда на вооружените сили на САД, вчера изјави дека затворањето на некои воени лидери може негативно да влијае на Турско – Американската воена соработка.

„Ние со сигурност имавме односи со многу турски лидери, особено со воени лидери. Јас сум загрижен какво ќе биде влијанието врз овие односи во иднина“, изјави вчера Вотел.

Турскиот претседател, во неговата реакција денеска изјави дека Вотел треба да и биде благодарен на Турција за обезбедувањето на демократијата.

„Вие не сте повикани да носите таква одлука. Кои сте вие? Треба да си го знаете вашето место! Застанувате на страната на заговорниците на пучот, наместо да и бидете благодарни на оваа земја за спречување на обидот за пуч… Ние се грижиме за нашата иднина. А за што се загрижени овие господа? Дали бројот на притворени и уапсени ќе се зголеми. Ако се виновни, бројот ќе се зголеми“, изјавил Ердоган, пренесува „Би-би-си“.

Од турското министерство за внатрешни работи соопштија дека бројот на притворени, по неуспешниот обид за државен удар, до денеска изнесува 18.000 лица.