Светски ден за борба против трговија со луѓе

Сподели

world-day-trafficking-in-persons-860x680

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денеска, 30 јули, го одбележува Светскиот ден за борба против трговија со луѓе со кој треба да се сврти вниманието се големиот број на жртви на трговија на луѓе кои се соочуваат со сексуална експлоатација, принудна работа, ропство, трговија со органи.

Светскиот ден за прв пат е одбележан во 2013 година, по усвојувањето на Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за борба против трговија со луѓе. ИОМ се приклучи во глобалната борба против трговија со луѓе во поширок контекст на управувањето на миграцијата од 1994 година.

Според податоците на ИОМ, од вкупно 7.000 жртви регистрирани минатата година, 85 отсто биле жртви на меѓународна трговија со луѓе, а околу 13 отсто од вкупниот број на жртвите на трговија со луѓе се деца на возраст од околу 11 години