“Имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно израени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми. Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен. Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања и астерикси”, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
“Македонскиот народ ниту некој успеал досега да го асимилира, ниту го асимилирал, ниту некогаш ќе се случи некој да го асимилира”, изјави премиерот Ковачевски.
“Ние сме горди на својата историја, горди сме на својот јазик, горди сме на својот идентитет со сите негови аспекти. Така било, така е и така ќе биде.
Лесно е да отфрлиме, да одложиме, да избереме нова неизвесност, но во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава. Време е за мудри одлуки.”