БЕСА: Го прифаќаме францускиот предлог

Сподели

 

„Уште еднаш го потврдуваме ставот на Движењето БЕСА дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на Северна Македонија.

Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата.

Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“.

Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата“, се наведува во соопштението на БЕСА.